Детокс салата со булгур: Кои се придобивките на оваа житарка за нашето здравје

Фото: Пинтерест
303

Салата како оброк, а во неа сѐ што му треба на вашиот организам. Од булгурот, кој е богат извор на витамини од групата Б, магнезиум, железо и фосфор, како и голема количина на влакна и протеини, до многу, многу зеленчук и семки.

Детокс салатите се добар избор за оброк бидејќи содржат храна богата со растителни влакна, витамини и минерали кои помагаат во детоксикација на телото и враќање на дигестивниот баланс. Исто така, тие обично се нискокалорични, што може да помогне во намалувањето на вишокот килограми кои веројатно сите ги добивме во текот на зимските празници.

Состојките кои најчесто се користат во салатите за детоксикација се сиров зеленчук како што се: краставици, пиперки, зелка, спанаќ и овошје како: јаболка, киви, круши. Додавањето јаткасти плодови и семиња ја комплетира целата приказна.

Оваа салата содржи булгур,а еве по нешто и за здравствените придобивки од булгурот.

Здравствени придобивки од булгурот

Булгурот традиционално се користи во кујните на Блискиот и Средниот Исток. Тоа е популарна житарка во земји како Турција, Либан и Сирија. Се добива од претходно сварен и сушен јачмен. По сушењето јачменот се дроби во различни големини, од ситен до среден. Подготовката на булгур трае само неколку минути, што го прави идеална опција за брзи и лесни оброци.

Булгурот е богат извор на витамини од групата Б, магнезиум, железо и фосфор, а содржи и голема количина на влакна и протеини. Влакната присутни во булгурот помагаат во правилното функционирање на дигестивниот систем и го намалуваат запекот, додека диеталните влакна го регулираат нивото на шеќер во крвта и помагаат во намалување на ризикот од дијабетес. Богат е со магнезиум и фитонутриенти, го намалува ризикот од срцеви заболувања. Булгурот е исто така алтернатива без глутен за оние со нетолеранција на глутен.

Покрај сето горенаведено, од суштинско значење е да се спомене дека булгурот дава придобивки и во однос на здравјето на кожата. Оваа житарка содржи антиоксиданти кои помагаат да се спречи оштетување на кожата од слободните радикали, молекули кои можат да ја оштетат кожата и да доведат до порано стареење. Високата количина на витамин Б е идеален сојузник во превенцијата од акни.

Рецепт за постпразнична детокс салата
Состојки:
100 г булгур
100 г брокула
100 г карфиол
120 г виолетова зелка
50 г моркови
80 г чери домати
Зачини (морска сол, суви медитерански зачини)
Маслиново масло
Семки по избор (сончоглед или тиква)
Балсамико оцет

Приготвување:

Во 200 мл вода сварете го булгурот. Повремено мешајте и варете додека не испари целата вода. Сварете ги на пареа или многу кратко во зовриена вода и брокулата и карфиолот. Во меѓувреме, додека се готви зеленчукот, подгответе ги морковите, доматите и зелката. Целиот зеленчук изрендајте го или ситно исечкајте го.
Ставете ги зеленчукот и булгурот во длабок сад, а потоа додадете зачини, масло и ацето балсамико. Измешајте сè и послужете.

Рецептот е од ТУКА.