Домашен квасец од 3 состојки, брзо и лесно, а тестото ќе расте како лудо

Фото: Unsplash
467

Ако само што ќе ги засукате ракавите сфатите дека немате квасец, не се секирајте. За да не ви се повтори ова ви требаат само три состојки

Колку пати ви се случило да откриете дека дома немате квасец, а веќе сте ги извадиле сите останати продукти за да ја направите својата омилена погача или некое друго задоволство?

За да не ви се случува ова никогаш повеќе, квасецот можете да го направите и сами и секогаш да бидете подготвени за вашите омилени рецепти. Она што е важно е да се измешаат состојките во стаклен сад и да се чува квасецот во него. Не е пожелно да биде од пластика.

Состојки:

1 шолја брашно
1 шолја млака вода
1 лажица шеќер

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во мазна маса, покријте со газа или фолија и оставете на топло, само внимавајте да не е на директна топлина, бидејќи тоа го убива квасецот. Процесот на ферментација трае 3-7 дена, во зависност од тоа кое брашно сте го користеле и дали сте додале шеќер. Готово е кога ќе се појават меурчиња и кога ќе го почувствувате познатиот мирис на вриење.

За еден килограм брашно ќе ви требаат околу две лажици домашен квасец. Доколку сакате секој ден да имате при рака квасец, во теглата со домашен квасец можете секој ден да додадете по половина шолја млака вода и брашно. Така ќе го „храните“ секој ден и ќе имате постојано производство. По додавањето треба да ја измешате смесата со дрвена лажица.