Еве што се случува во вашето тело кога јадете незрели банани

Фото: Pixabay
307

Пробиотските бактерии од зелените банани, меѓудругото, помагаат и кога станува збор за дијареа и проблеми со дебелото црево, дури и ја намалуваат шансата за добивање рак на дебелото црево

Познато е дека бананите содржат голема количина скроб, а зелените, незрели банани уште повеќе. Сепак, особено е важно да се напомене дека скробот кој го содржат незрелите банани е резистентен скроб.

Имено, постојат различни здравствени придобивки кои резистентниот скроб може да му ги обезбеди на човечкиот организам. Одличен е за слабеење, затоа изберете зелени банани ако сакате да слабеете. Влакната од незрели банани го зголемуваат чувството на ситост, што доведува до намалена потрошувачка на калории и намалена тежина

Според истражувачите, резистентниот скроб од зелените банани исто така согорува масти. Ова се случува затоа што телото не користи јаглехидрати како гориво.

Кога телото не може да користи јаглехидрати како гориво, тоа користи масти. Исто така, резистентниот скроб, го намалува нивото на инсулин во телото и спречува гликозата да навлезе во клетките на нашето тело.

Зелените банани се корисни и за одржување на дигестивниот тракт. Влакната од банана ќе се погрижат да имате редовна столица и ќе го одржуваат здрав дигестивниот тракт со пробиотски бактерии.

Пробиотските бактерии од зелените банани помагаат и кога станува збор за дијареа и проблеми со дебелото црево. Тие дури и ја намалуваат шансата за добивање рак на дебелото црево и доведуваат до подобра апсорпција на калциум, пишува Fokuzz.

Зелените, незрели банани имаат голема хранлива вредност. Содржат витамин Б6, витамин Ц, како и големи количини на калиум. Бидејќи содржат и јаглени хидрати, не се препорачуваат за дијабетичари.

Триптофанот е исто така многу важна аминокиселина што ја содржат бананите.

Тој помага да се контролираат промените во расположението. Содржат и многу магнезиум кој е одличен за срцето.

Значи, една зелена банана дневно.