Ова здраво овошје кое го забрзува метаболизмот, крие и неколку опасности!

Фото: Unsplash
383

Ова горчливо овошје го зголемува и нивото на калциум оксалат кој може да предизвика камења во бубрезите.

Грејпфрутот е тропско растение со горчлив вкус од родот агруми. Тоа е плод на зимзелено дрво кое расте до 6 м во височина, но може да биде и повисоко. Плодовите растат до 15 цм во дијаметар и имаат жолта или портокалова боја.

Грејпфрутот е полн со витамин Ц, па помага во борбата против настинки и срцеви заболувања и го забрзува метаболизмот. Содржи и антиоксиданти кои помагаат во обновувањето на оштетената кожа и во борбата против брчките. Исто така, го успорува процесот на стареење на клетките.

Освен ова, грејпфрутот го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето. Има и антисептички својства, а богатството на витамини и минерали ги храни клетките на кожата, ги стеснува порите и ја ослободува кожата од вишокот маснотии. Во козметиката се користи за лекување на мрсна кожа.

Сепак, грејпфрутот може да биде и опасен по здравјето во комбинација со лекови бидејќи може да го зголеми ефектот на лекот до тој степен што изгледа како пациентот да земал преголема доза од лекот, додека во други случаи со делување на нарингинот, супстанца која се наоѓа во грејпфрутот, може да се намали апсорпцијата на.лекот од крвта.

Грејпфрутот или неговиот сок може да предизвикаат реакција дури и ако ги консумирате половина час пред или по земањето на лекот. Ова горчливо овошје го зголемува и нивото на калциум оксалат кој може да предизвика камења во бубрезите.