Компанијата „Краш“ денеска преку својот Фејсбук профил објави дека навистина направила Дорина со чварки, иако се почнало како првоаприлска шега.
Комбинацијата за чоколадо со чварки првпат била спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, што тие навистина решиле да направат чоколадо со чварки.
Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени.
„Сите кои позитивно искоментираа на нашата првоаприлска шега и посакаа да вкусат Дорина со чварки, ќе им испратиме по еден примерок на адреса“, велат од „Краш“. Доколку сте меѓу таквите, се што треба да направите е да им се обратите во инбокс.