Ете, дочекавме и тоа: чоколадо со чварки од „Краш“

315

Компанијата „Краш“ денеска преку својот Фејсбук профил објави дека навистина направила Дорина со чварки, иако се почнало како првоаприлска шега.

Комбинацијата за чоколадо со чварки првпат била спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, што тие навистина решиле да направат чоколадо со чварки.

Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени.

„Сите кои позитивно искоментираа на нашата првоаприлска шега и посакаа да вкусат Дорина со чварки, ќе им испратиме по еден примерок на адреса“, велат од „Краш“. Доколку сте меѓу таквите, се што треба да направите е да им се обратите во инбокс.