Заштитници на добриот вид: Комбинацијата на прокељ и маслиново масло е една од најлековитите

Фото: Pexels
163

Лутеинот, кој се наоѓа во прокељот, го намалува ризикот од катаракта и дегенерација на делот од мрежницата, кој е главна причина за настанување на слепило. Ако на прокељот му додадете маслиново масло, неговите состојки ја зголемуваат количината на лутеин што телото ја апсорбира и ја складира.

Голем број луѓе, дури и на возраст за која досега не беше вообичаен овој проблем (станува збор за луѓе на возраст од 50 до 55 години), имаат проблем со катаракта или т.н. старечко перде.

На нашите очи им треба внимание, а особено им треба помалку време пред екраните. Но ако веќе не можеме да го скратиме тоа време, што заради работните обврски, што заради навика, тогаш треба да обрнеме барем малку повеќе внимание на тоа што го внесуваме во организмот преку храната.

Е токму тука, ви ја препорачуваме следнава комбинација – прокељ со маслиново масло.

Имено, лутеинот, кој се наоѓа во прокељот, го намалува ризикот од катаракта и дегенерација на делот од мрежницата, кој е главна причина за настанување на слепило. Токму затоа, овие намирници се едни од главните заштитници на добриот вид.

Ако на прокељот му додадете маслиново масло, неговите состојки ја зголемуваат количината на лутеин што телото ја апсорбира и ја складира.

Вкусната комбинација на прокељ и маслиново масло е една од најлековитите комбинации на намирници.