За само 10 дена со овој народен лек ќе ги препородите крвните садови

Фото: Unsplash
1.400

За чистење на крвните садови, луѓето прибегнуваат кон лекови. Но, лековите често знаат да ги оптоварат црниот дроб и бубрезите. За целосно чистење на крвните садови без да ги оштетите другите органи – пробајте го овој природен стар рецепт.

Годините и неправилната исхрана доведуваат до трошење на крвните садови, тие стануваат помалку еластични, а на внатрешните ѕидови се акумулира слој холестерол. Како резултат на тоа, тие се значително стеснети, а тоа е причина за лошо снабдување со крв на органите и системите. Затнувањето на крвните садови е опасно по живот.

Покрај тоа, мозокот значително страда и крвниот притисок се зголемува. Овие процеси може да резултираат со мозочен удар, срцев удар и други сериозни болести.

За чистење на крвните садови, луѓето прибегнуваат кон лекови. Но, лековите често знаат да ги оптоварат црниот дроб и бубрезите. За целосно чистење на крвните садови без да ги оштетите другите органи – пробајте го овој природен стар рецепт кој го чисти холестеролот од крвните садови.

Ова се неговите основни состојки:

4 цели лимони

парче корен од ѓумбир

2 литри вода

4-5 чешниња лук

2 лажици мед

Приготвување:

Лимонот убаво измијте го и прелијте го со топла зовриена вода за да ги отстраните нечистотиите. Потоа, извадете го од водата и исечете го на тенки прстени. Ѓумбирот и лукот исчистете ги, исечете ги во блендер или смелете ги со мелница за месо.

Во тенџере со волумен од 3 литри и повеќе ставете ги лимоните. Во посебно тенџере сварете 2 литри вода и оставете да се излади на околу 60 степени. Во водата ставете лук, ѓумбир и мед. Сето тоа убаво измешајте го, па додадете го во тенџерето со лимон.

Оставете да се вари 2 часа. Кога ќе се олади, префрлете ја смесата во тегла од 3 литри.

Пијте околу 100 мл на празен стомак секој ден наутро, а исто толку и навечер. Третманот трае околу 3 недели. Направете пауза една недела, па потоа уште 4 недели земајте го овој напиток.

Ефектот ќе го почувствувате по само 10 дена. Чувајте го во фрижидер.