Не се вели залудно дека храната ги поврзува луѓето повеќе од што било друго. Кога некој ќе се роди, се јадат мекици, кога некој ќе си замине, се јаде за душа. Исто така, секој можен празник секогаш се поврзува со некоја храна. Утре (12 ноември), во Градски парк во Скопје, повторно храната е она што ќе собере на едно место многу луѓе од цела Македонија. Бидете таму, на првиот национален саем за храна и пијалаци
„Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалаци“, утре (12.11 2022-сабота) од 11 до 16 часот во градски парк Скопје. На саемот кој го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија ќе има 200 производители и 40 локални здруженија кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.
Не се вели залудно дека храната ги поврзува луѓето повеќе од што било друго. Кога некој ќе се роди, се јадат мекици, кога некој ќе си замине, се јаде за душа. Исто така, секој можен празник секогаш се поврзува со некоја храна. Утре, во Градски парк во Скопје, повторно храната е она што ќе собере на едно место многу луѓе од цела Македонија. Бидете таму, на првиот национален саем за храна и пијалаци.
На саемот ќе бидат многу производители кои веќе ги запознавме на двете изданија на Слоу фуд салон, но сигурно и многу нови бидејќи нивниот број, за среќа, постојано расте, а со тоа расте и понудата на квалитетни домашни производи по пристапни цени.
Наместо на вашиот локален пазар, дојдете и испазарете на првиот национален саем за храна и пијалаци во скопскиот градски парк. Органски зеленчук, сирење, кашкавал, домашни зимници, мармалади, масла, печурки, макала, сувомеснати, тестенини, вино ем ракија и многу други деликатеси за чиј квалитет не мора да размислувате бидејќи тука ќе ви ги понудат само најдобрите.