Зошто не треба да се фрлаат лушпите од ореви?

Фото: Pixabay
603

Знаеме дека оревите содржат висок процент на омега-3 масни киселини, како и значително ниво на антиоксиданти, па затоа се препорачува внес од 30 до 50 грама дневно за заштита на срцето и кардиоваскуларниот систем. Но не ги фрлајте ниту лушпите

Оревот се смета за најздрав и најприфатлив од јаткастите плодови. Содржи висок процент на омега-3 масни киселини, како и значително ниво на антиоксиданти, па затоа се препорачува внес од 30 до 50 грама дневно за заштита на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Оревите го намалуваат ризикот од „лош“ холестерол, богати се и со протеини, диетални влакна и витамини. Тие содржат витамини од групата Б, како и калциум, натриум, железо, фосфор и магнезиум.

Кората од оревите пак е полна со танини и хинони, па затоа чајот од орев се препорачува против паразити и габи. Исто така, овој напиток позитивно влијае на крвните садови.

Го одржува срцето здраво, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и не држи сити долго време
Подготовката е едноставна. Исчистете една рака ореви и потопете ги во половина литар ладна вода. Оставете ги покриени да отстојат преку ноќ, а наутро ставете на шпорет да зоврие. Кога чајот ќе зоврие, покријте го и оставете го да се излади.

Кога е млако, се цеди и се пие полека, во мали голтки. Пијте чај од ореви секојдневно најмалку еден месец. Кората од орев, ако се комбинира со младите листови во чајот, може да има лаксативно дејство. Затоа, бидете внимателни.