Зошто треба да се јаде прокељ? Два вкусни рецепти со мали зелени зелчиња
Прокељот, како и другите зелјести зеленчуци содржи значајни количини сулфурни материи, како глукозинолати и изотиоцијанати кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да создава ензими кои ги неутрализираат потенцијално отровните материи и штитат од рак.
Овој нискокалоричен зеленчук е вистинско чудо кога станува збор за хранливи материи. Прокељот е одличен извор на витамин А (во облик на бета каротен), Б, Ц, Е и К, а содржи и бројни минерали: калиум, манган, железо, магнезиум, бакар, калциум…
Тука се и омега-3 масните киселини, белковините, влакна, триптофан, лутеин, зеаксантин…
Прокељот, како и другите зелјести зеленчуци содржи значајни количини сулфурни материи, како глукозинолати и изотиоцијанати кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да создава ензими кои ги неутрализираат потенцијално отровните материи и штитат од рак.
Заради изобилието на витамини, минерали и омега-3 масни киселини, прокељот придонесува за здравјето на кожата и сврзувачките ткива па е одлична „храна за убавина“. Се препорачува и за добро варење, цврсти коски, силни мускули…
Избегнувајте главички со пожолтени и овенати листови. Ако се свежи, можат да останат во таква состојба и до 10 дена, доколку се чуваат правилно. Ставете ги во пластична кесичка, цврсто затворете ја и истиснете го воздухот. Не ги мијте пред да ги ставите во фрижидерот, туку само непосредно пред употреба. Мијте ги под млаз ладна вода, а не ги оставајте да стојат во неа затоа што ги губат хранливите материи.
Се смета дека на прокељот затоа што е жилав зеленчук му треба долго време за варење, па најчесто луѓето знаат да ги преварат при што главичките го губат убавиот вкус и значителна количина хранливи материи.
Прехранбените стручњаци сметаат дека на прокељот му се доволно 5 минути варење, најдобро на пареа. Токму 5 минути варење на пареа се покажале како оптимално време за главичките прокељ да бидат највкусни – однадвор меки, а однатре крцкави и лесно сварливи. Ако се готват подолго, зелената боја избледува, а почнува да се ослободува непријатен мирис кој влијае и на вкусот.
Се подготвуваат едноставно. Треба да се отсече крајчето, кадешто е стеблото, а главичките ако се поголеми, може да ги исечете. Добро е да ги оставите исечени на половини или на четвртини околу 5-10 минути пред да ги сварите затоа што така се активираат благотворните ензими. За да го поттикнете овој процес можете да ги попрскате со малку сок од лимон.
Еве два предлози како да ги подготвите:
Прокељ во бешамел сос
Состојки:
500 г прокељ
50 г путер
2 лажици брашно
300 мл млеко
морско оревче
лук
сол, црн пипер
Приготвување:
Во тенџере ставете вода, кога ќе зоврие ставете го прокељот и варете 5, па исклучете и оставете ги во водата уште 5 минути. Потоа извадете ги зелчињата од водата и оставете да се исцедат.
Направете го бешамел сосот така што ќе го стопите путерот во друг сад и додадете го брашното, пропржете, а потоа полека долевајте од млекото постојано мешајќи. Оставете го да се крчка на умерена температура додека не се згусне. Додадете згмечено лукче по желба, морско оревче и зачини по желба, а потоа ставете ги и зелчињата и исклучете.
Салата со прокељ и брусници
Состојки:
800 г прокељ
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет балсамико
½ лажичка сол
50 г суви брусници
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Измијте ги главичките прокељ и исечете ги на половина. Попрскајте ги со маслиново масло, оцет и сол. Промешајте и префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 – 20 минути. Додадете ги брусниците, промешајте и печете уште неколку минути.