Имате дијабетес? Не мора да се откажете од сѐ

Фото: Unsplash
368

Почетокот на контрола или превенција на дијабетес не значи ригорозно откажување. Напротив, неопходно е да се свртите кон вкусна и урамнотежена исхрана која максимално ќе ви го подигне нивото на енергија и ќе ви го подобри расположението.


СЗО секоја година на 14 ноември го одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот. Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении.

Многу луѓе не се ни свесни дека имаат дијабетес додека не се појават компликации. Внесуваат различни видови храна и пијалаци кои оставаат ефект врз нивното тело. Некои од намирниците се безопасни, а некои депонираат гликоза во крвните садови и на тој начин ја зголемуваат количината на шеќер во крвта.

Ако сте изложени на ризик од развој на дијабетес или веќе го имате во голема мера, начинот на кој се храните игра голема улога во вашето закрепнување.

Направете промени во сопственото мени и тоа ќе ви ја олесни борбата против болестите како што е дијабетесот.

Почетокот на контрола или превенција на дијабетес не значи ригорозно откажување. Напротив, неопходно е да се свртите кон вкусна и урамнотежена исхрана која ќе ви го подигне нивото на енергија на максимум и ќе ви го подобри расположението.
На пример, не треба целосно да се ослободите од шеќерот.

Уживајте во сите слатки задоволства, но во контролирани мерки. Треба само да ги намалите количините што вообичаено ги земате.

Многумина мислат дека е неопходно да се избегнува храна со висока содржина на јаглени хидрати. Работата е во тоа што постојат неколку видови јаглехидрати.

На пример, одберете интегрален леб, наместо леб со бело брашно, па ќе го доведете во ред и системот за варење.

Гликемиски индекс

Овој индекс сигурно ќе ви помогне да ја испланирате исхраната, а ја претставува брзината на раст на шеќерот во крвта по консумирање одредена храна.

Самата брзина зависи од видот на шеќер што се внесува, начинот на подготовка на храната и количината на диетални влакна.

Поедноставните шеќери, како што е сахарозата, дејствуваат брзо, а сложените шеќери, како што е скробот, мора прво да се разложат на поедноставни за да влезат во крвотокот.

Примери за храна со висок гликемиски индекс – пченкарен сируп, пиво, гликозен сируп, печени компири, оризово брашно, пченкарни снегулки, мед.

Примери на храна со низок гликемиски индекс – Авокадо, ореви, спанаќ, слатка пиперка, кисела зелка, соја, маслинки.

Препорачана храна за дијабетичари

Свежо овошје и зеленчук

Слободно јадете секакво овошје и зеленчук во неограничени количини. Јагодите, малините и боровинките може да имаат сладок вкус, но се препорачуваат како храна за дијабетичари бидејќи нивото на шеќер им е ниско. Слободно можете да ги јадете колку што сакате.

Исто така се претпочитаат јаткасти плодови како што се оревите, бадемите и ф’стаците.

Авокадото содржи и здрави масти кои позитивно влијаат на метаболизмот. Содржи многу влакна и затоа лесно сварливи јаглехидрати.

Зелениот зеленчук, како што се спанаќот и кељот, се лесно сварливи и полни со корисни витамини и минерали. Антиоксидантите во зелениот зеленчук штитат од болести на очите како што е катаракта, од која страдаат многу дијабетичари.

Од зеленчукот ги издвојуваме и морковите, карфиолот, брокулата, лукот, тиквичките, гравот…

Органско пилешко и мисиркино
Ова месо, особено пилешките и мисиркините гради, се протеинска бомба која драстично ќе ви го намали шеќерот во крвта.

Идеалната мерка е 22 г по оброк или стек со големина на дланка. Можете да го јадете варено или печено, со што помалку маснотии.

Рибата е одлична за дијабетичарите

Се вели дека рибиното месо полно со здрави масти е најздравото на планетата.

Лососот, сардините, харингата или инчуните се одлични извори на омега-3 масни киселини, кои имаат многу поволно влијание врз целото човечко тело.

За дијабетичарите е многу важно да јадат ваква храна, бидејќи се склони кон срцев удар и срцеви заболувања.

Со консумирање на омега-3, веројатноста за заболување на срцевиот мускул или смрт од срцев удар е минимизирана.

Јајца

Јајцата, кои можат да се подготват на безброј начини, ќе ве држат сити подолго време од која било друга храна. Јајцата го зголемуваат производството на добар холестерол, но и го намалуваат вишокот шеќер во крвотокот.

Млечни производи со ниска содржина на масти

Изберете млеко, јогурт, сирење и павлака со што помалку маснотии. Ако сакате да консумирате полномасни млечни производи, јадете и пијте во мали, контролирани количини. Се препорачува и грчки јогурт кој успешно го контролира шеќерот.

Леб, пецива и тестенини од интегрално брашно

Тие се богати со добри јаглехидрати кои не им штетат на дијабетичарите. Тестото направено од интегрално брашно многу полесно се вари од истите производи направени од бело брашно. Овесната каша и киноата се препорачуваат и како добар избор за појадок за дијабетичари.

Цимет
Истражувањата покажаа дека циметот е добар за дијабетес, дека може да влијае на брзото намалување на нивото на шеќер во крвта и да влијае на подобро дејство на инсулинот. Исто така, успешно го регулира високиот холестерол и триглицеридите.

Маслиново масло
Гарантирано го намалува лошиот холестерол и вишокот шеќер во крвта. Помага и при слабеење, спречувајќи таложење на масни наслаги во телото

Јаболков оцет како храна за дијабетичари
Една лажица јаболков оцет содржи 1 г јаглени хидрати. Го подобрува дејството на инсулинот и го намалува шеќерот во организмот за најмалку 20%, кога се консумира со храна која содржи јаглехидрати. Можете да го пиете и со мешање на една или две лажици во чаша вода секој ден наутро или навечер пред спиење.

Здрави напитоци

Пијте многу вода, газирана или негазирана. И чајот е одлично решение за дијабетес, особено зелениот чај, за детоксикација на организмот.

Црното кафе е дозволено, но наместо шеќер изберете вештачки засладувачи или додадете малку млеко со низок процент на маснотии.

Храна што не им се препорачува на дијабетичари

Десерти, слатки и сокови со висока содржина на шеќер

Белиот шеќер не е директна причина за дијабетес. Преслатката храна дебелее и доведува до појава на маснотии и висок лош холестерол. После тоа, се појавува дијабетес.

Понатамошното внесување на големи количини шеќер само ја влошува ситуацијата, но доколку не претерувате, нема од што да се плашите.

Сол
Избегнувајте храна богата со овој зачин. Дијабетичарите не треба да земаат повеќе од 1,5 г сол дневно.

Пржена и брза храна
Во оваа група спаѓаат помфрит, чипс, чизбургери…Ваквите јадења се полни со транс масти, кои се многу штетни за здравјето – особено за луѓето на кои им е дијагностициран дијабетес. Производителите често додаваат транс масти во грицките и слатките за да го продолжат рокот на траење. Нивното внесување доведува до таложење на вишок масни наслаги, воспаленија и срцеви заболувања.

Црвено месо
Дополнително ја нарушува здравствената состојба на дијабетичарите поради поголемата содржина на масти. Ако сте во можност да избирете, подобро е да јадете парче свинско месо отколку говедски стек.

Бело брашно
Храната која содржи преработено бело брашно го зголемува нивото на шеќер во крвта кај сите видови дијабетес. Исто така, тие немаат влакна во себе и тешко се варат.

Алкохол
Коктелите може да бидат преполни со вишок шеќер. Пијте помали количини алкохол со оброк или со полн стомак.

Следете го движењето на гликозата низ крвта, бидејќи може да се случи алкохолен пијалак да ја поремети терапијата и употребата на инсулин.