Истражувачите на Флорида откриле зошто пушачите повеќе го сакаат утринското кафе

Фото: Pexels/Pixabay
137

Во кафето се идентификувани две соединенија кои директно влијаат на никотинските рецептори

За некои пушачи, првата цигара во денот не е задоволувачка без шолја кафе. Според неодамнешното истражување кое било спроведено на Универзитетот во Флорида ова можеби е повеќе од само утринска навика. Станува збор за тоа што хемиските соединенија во пржените зрна кафе може да помогнат во ублажувањето на делувањето на утринската желба за никотин.

Пушачите зависни од никотин ја поврзуваат употребата на тутун наутро со кафе, а навечер со алкохол.

Додека ефектот на алкохолот врз никотинските рецептори во мозокот е опширно проучуван, за интеракцијата на рецепторите со кафето има помалку истражувања.

Истражувачите идентификувале две соединенија во кафето кои директно влијаат на некои многу чувствителните никотински рецептори во мозокот.

Кај пушачите, овие мозочни рецептори може да бидат преосетливи после ноќ без никотин.

Истражувачите примениле раствор од пржено кафе врз клетките кои изразуваат одреден никотински рецептор.

Податоците покажуваат дека едно од соединенијата во кафето, познато како n-MP, може да помогне во намалувањето на утринската желба за никотин.

Овие наоди претставуваат важен чекор кон подобро разбирање за тоа како кафето и цигарите влијаат на никотинските рецептори во мозокот.