Исцедете го лимонот до последна капка (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
611

Одличен трик за да ја исцедите секоја капка лимон. Сокот нема да прска во сите правци, а не ви треба ниту нож, ниту цедалка

Колку и да изгледа едноставно, правењето сок од лимон понекогаш не е најлесната работа. Рачното цедење на овошјето бара подготовка на главниот „алат“ – даска, нож и цедалка, а откако ќе го добиеме сокот, не чека дополнително чистење на кујнските елементи.

За да не ја извалкаме кујната, а притоа најбрзо да го исцедиме лимонот, можеме да искористиме еден корисен трик од ТикТок, кој успеа да ги воодушеви домаќинките ширум светот. Најдобро од сè е фактот што за оваа процедура ви се потребни само 30 секунди!

Сè што треба да направите е да го истриете лимонот врз рамна површина неколку секунди, идеално на масата или на кујнската плоча, за да се олабават мембраните.

Потоа ви треба остар предмет – со метално стапче за ражен или пак подебела дрвена чепкалка може да се направи дупка на испапчувањето (каде што расте стеблото), но внимавајте да не излезе на другиот крај од лимонот.

Потоа извадете го стапчето и притиснете го лимонот на средина, но „отворот“ да биде насочен кон чашата во која сакате да го исцедите.

Така лимоновиот сок ќе тече право, како да го истурате од тетрапак, а ниту една капка нема да падне на масата или на работната плоча на која ќе го цедите, па нема да мора да бришете. Доколку не ви треба целиот сок од лимон, вратете го во фрижидер, бидејќи така подолго ќе остане свеж и ќе можете да го користите и следниот ден.

Целата процедура погледнете ја во видеото подолу.

@delish

@jacquibaihn changed my life 🍋 #hack #finalsathome

♬ original sound – delish