Лисичарка, за здравје на срцето, коските и мозокот

Фото: Unsplash
491

Овие жолти чадорчиња спаѓаат меѓу најквалитетните печурки во светот. Чуварката на здравјето, лисичарката е природен извор на антибиотици и многу витамини.

Лисичарката содржи осум есенцијални амино киселини, протеини, ензими, полисахариди, провитамин А, витамини Б комплекс, Д2 и Ц, а освен тоа е и нискокалорична и 90% од нејзиниот состав е вода. Затоа е омилена меѓу луѓето кои внимаваат на линијата.

Во 100 грама лисичарка има само 12 килокалории.
Жителка на чистите шуми таа е богата со калиум кој е важен за варењето и за срцето, но и со калциум кој е клучен за здрави коски.

Покрај тоа, ви „нуди“ магнезиум, неопходен за правилно функционирање на срцето и крвотокот, а фосфор за мозокот. Бидејќи содржи витамин Д, кој телото го произведува само за време на сончеви денови, лисичарката може да биде вистински спасител кога врне и времето е тмурно.
Инаку, ја користат, особено во земјите на Далечниот Исток, за лекување на воспаление на очите, ноќно слепило и сува кожа. Секако, покрај сите квалитети има антибактериски и антивирусни својства, па го чисти организмот, го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува циркулацијата.

Сепак, треба да се внимава на количината. Не е препорачливо повеќе од два оброци со лисичарка неделно, бидејќи може да биде тешко за желудникот. Најдобро е да ја сварите и да ја додавате во чорбите. Добро изџвакајте ја.

Кога купувате лисичарки, внимавајте да не е сува и млитава. Никогаш не ја земајте ако има кафени дамки.
Во готвењето, се цени како одличен додаток на месо, школки и јајца. Секако, ги збогатува супите, чорбите и гулашите.