Како да го прочистувате црниот дроб секојдневно и на природен начин?

Фото: Pexels
116

Има неколку намирници кои лесно можете да ги вклопите во секојдневната исхрана, а тие ќе му помогнат на вашиот црн дроб

Црниот дроб е познат како чистач на организмот, па затоа мора да знаете како да го одржувате здрав, бидејќи од него зависи и вашето здравје.

Треба да пиете најмалку два литра вода на ден, да дишете длабоко, да бидете опуштени.

Исто така, треба да се туширате три минути со топла вода, а потоа триесет секунди со ладна вода, затоа што ова ја поттикнува циркулацијата и прави мал детокс.

Покрај овие совети, треба да се обрне внимание на тоа која храна треба да се консумира за да се одржи црниот дроб здрав на природен начин.

Топла вода со лимон

Одличен начин за детоксикација. Ова е сто пати повторено, а треба да стане рутина за вас, малку топла вода со лимон секое утро. Не, не станува збор за лимонада, затоа не додавајте шеќер или што било друго.

Лук

Додадете малку лук кога готвите, или исечкајте едно чешне или пак сега, кога е пролет, едно цело младо лукче во салатата. Ги активира ензимите и го активира природниот штит на црниот дроб.

Зелен чај

Го испира и го чисти црниот дроб од токсините и со него овој орган е во целосна функција.

Авокадо

Јапонските научници откриле дека авокадото содржи соединенија кои го штитат црниот дроб од оштетување.

Магдонос

Можете да го додадете во речиси сите јадења, ги отстранува тешките метали, со што значително ја олеснува работата на црниот дроб.

Куркума

Не само што го штити, туку и ја поттикнува регенерацијата на клетките на црниот дроб.