Никој не сака секој ден да оди да пазарува, но секогаш кога ќе купиме повеќе намирници, се случува на крајот да мораме да ги фрлиме, што е уште полошо. Еве како да ги одржите убавите свежи краставици што сте ги купиле свежи и крцкави и повеќе од две недели.
Краставиците се главната состојка во многу летни салати. Тие се многу здрави и се идеална храна за топлите денови, бидејќи содржат 96 отсто вода, поради што совршено го хидрираат нашето тело.
Од друга страна, токму тоа е една од причините зошто брзо се расипуваат, скапуваат и стануваат кашести. За среќа, постојат трикови како да ја продолжите нивната свежина до две недели, и да ги направите крцкави како штотуку да сте ги купиле.
Се што ви треба е хартиена салфета и пластична кеса за замрзнување. Прво добро измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исушат или добро избришете ги со крпа. Кога ќе се исушат, завиткајте ги во хартиена салфета, но секоја посебно, за да не се допираат и ставете ги во кеса за замрзнувач.
Салфетата ќе го впие вишокот на влага, но не затворајте ја кесичката целосно, оставете ја подотворена за да може воздухот слободно да циркулира. Вака спакуваните краставици чувајте ги во фрижидер.
Свежината на краставицата можете да ја продолжите и така што ќе ја чувате во пластичен сад со капак, но трикот е да ја чувате во вода со додадена малку сода бикарбона. Сода бикарбоната ќе ги убие сите бактерии на површината на кората, кои предизвикуваат гниење и расипување на овошјето и зеленчукот. На овој начин краставицата ќе остане свежа неколку недели.