Како може да помогне копривата при сезонски алергии

Фото: Unsplash
273

Дали знаевте дека ова растение кое, за жал, често се кине како обичен плевел, може да ве спаси од алергија на полен?

Пролетта е време кога многумина ги мачат алергиите на полен. Но, како што природата сè одлично уредила, така и тоа што пролетта е време и кога се берат младите коприви.

Дали знаевте дека ова растение кое, за жал, често се кине како обичен плевел, може да ве спаси од алергија на полен?

Бидејќи има силно антиинфламаторно дејство и е моќен природен антихистаминик, моментално ги ублажува сите непријатни симптоми на алергии, како што се: кивање, шмркање, синузитис, течење на носот, чешање на очите, оток.
Освен тоа, копривата е одличен природен лек за детоксикација на организмот, а може да помогне и при анемија, едем, акни и дијабетес.

Нејзините придобивки се навистина фантастични.

Копривата, меѓу другото, содржи витамини А, Б1, Б2, Б8, К, Ц и Е, многу антиоксиданти, каротеноиди, хлорофил, флавоноиди и танини.

Богата е и со минерали како што се калциум, магнезиум, манган, железо, цинк, бакар и хром.

Јадете ја варена и сигурно ќе го зајакнете имунитетот и ќе го снабдите организмот со се што му е потребно за борба против алергиите.

Вистинско искуство

Фредерик, десетгодишниот син на Американката Аманда Роуз, страдал од силна алергија на полен и пробал многу природни лекови – од локален мед, до чај од бозел, до масло од лаванда и еукалиптус.

Иако сето тоа му ги олеснило тегобите, сепак морал да пие лекови.

Сè се променило откако ги откриле копривите, кои момчето ги земало во форма на инфузии (посилен чај) или супи неколку пати неделно.

Резултатите биле веднаш видливи. Многу брзо по консумирањето на копривата, момчето чувствувало големо олеснување од сите симптоми на алергија.

Копривата се покажала како најдобар сојузник за доброто здравје на ова момче.

Супа од коприва – одлично (и вкусно) решение за алергии

Во случајот со момчето и неговата алергија на полен, богатата супа од коприва се покажала како особено лековита.

За супа, наберете млади коприви, кои не процветале, а тоа задолжително правете го во ракавици.

Но, ако немате свежи коприви, можете да користите и суви.

Навистина не треба да се плашите дека варените коприви ќе ве пецкаат во грлото – оваа вкусна супа има речиси свиленкаста текстура, а и на децата ќе им се допадне.

Состојки за супа:

900 мл супа од зеленчук
1 голем црвен кромид, ситно сецкан
3 чешниња лук, ситно сецкани
2 лажици масло по ваш избор (на пример, маслиново)
4 чаши листови од коприва, измиени
малку хималајска сол и бибер

За погуста супа (опционално):

¾ чаши кисела павлака
2 лажици гриз

Приготвување:

  1. Загрејте ја супата во поголемо тенџере. Во меѓувреме во тавче со малку масло издинстајте ги кромидот и лукот.
  2. Кога супата ќе почне да врие додадете го пржениот кромид и лук и листовите од коприва кои претходно добро сте ги измиле.
  3. Нежно промешајте ја супата околу 2 минути, а потоа исклучете ја. Оставете ја супата да отстои малку пред да ја послужите. Додадете малку сол и бибер.
  4. Ако сакате малку погуста супа, измешајте со гризот и малку изматете со жица за да се распаднат сите грутчиња. Потоа оставете да проврие и да се згусне.

Совет: Чорбата од коприва, можете и да ја замрзнете.

Инфузија од коприва – малку поинтензивен суперздрав чај

Инфузијата е всушност малку поинтензивен чај. За да го подготвите, истурете литар вода во тенџерето и додадете 3-4 чаши собрана коприва (може да користите и листови и дршки).

Оставете да зоврие, а потоа исклучете ја топлината, поклопете и оставете да отстои преку ноќ или 24 часа. Процедете го следниот ден.

Ќе добиете вистинска, богата инфузија, која е исклучително здрава и помага при алергии.

Разликата помеѓу чајот и инфузијата е во тоа што во чајот се става мала количина коприва и чајот обично се остава околу 10 минути, додека инфузијата се остава преку ноќ или дури 24 часа. На овој начин пијалокот станува уште помоќен и лековит.

По желба, во инфузијата додадете малку свежо исцеден сок од портокал и малку природен засладувач како мед.

Ова ќе помогне да се направи овој супер здрав напиток и за вашите деца.

За спречување на алергии, инфузијата пијте ја превентивно наутро и попладне, а при првите симптоми на алергија можете да ја земате три пати на ден, по една шолја.

Оваа инфузија можете да ја чувате во фрижидер или замрзнувач и да ја користите и следната недела.