Како правилно се чува зеленчукот: Ставете ја зелката во хартиена кеса, завиткајте ги морковите во крпа

Фото: Unsplash
322

Ако не сакате секој ден да одите по продавници и пазари, купувајте намирници кои можат да траат подолго, а ние ќе ви кажеме како правилно да ги чувате

Некои намирници имаат многу краток рок на траење (како спанаќ, домати, зелена салата), но има и такви кои можат да траат долго доколку се складираат и се чуваат правилно.

Во продолжение прочитајте кои 5 намирници имаат подолг рок на траење па ако не сакате да одите секој ден по продавници, одберете ги токму тие кои ќе траат подолго, ако ги чувате на соодветен начин..

Зелка

Една главица зелка, ако ја завиткате во хартиена кеса и ја ставите во фрижидер, може да издржи околу еден месец. Колку брзо ќе се расипе зависи и од тоа дали била сува кога сте ја ставиле во фрижидер или била влажна. Ако забележите капки вода на надворешните листови, нежно избришете ги со крпа.

Свежо цвекло

Чувањето свежо цвекло на ладно, темно и суво место ќе го продолжи неговиот животен век. Ако имате остава, чајна кујна или подрум, можете да го чувате таму, а ако немате, фрижидерот е исто така добро место. Прво извадете ги стеблото и листовите од плодот. Потоа завиткајте го во хартиена кеса и чувајте го на суво место.

Моркови

Клучот за продолжување на рокот на траење на морковот е правилно да се исуши. Самиот морков ослободува многу влага, па може полесно да скапува. Меѓутоа, ако по купувањето го завиткате во хартија или во крпа и потоа го ставите во фрижидер, ќе го решите проблемот со таложење на влага и ќе ја одржите неговата свежина.

Целер

Ја сака влагата, па нема да му пречи каква било кондензација во фрижидерот. Кога ќе го исечете коренот на целерот, само остатокот убаво завиткајте го и вратете го во фрижидер каде што ќе трае барем уште една недела без проблем. Ставете ги листовите целер во пластична кеса или завиткајте ги во пластична фолија.

Лук

Иако е многу издржлив во различни средини, најдобро му одговара на температури меѓу 15 и 18 степени и на умерена влажност. Доколку го чувате во фрижидер, имајте на ум дека ќе почне да ‘рти неколку дена откако ќе го извадите од фрижидер и ќе го ставите на собна температура.