Како секогаш да имате исчистен лук при рака (ВИДЕО)

Фото: Pixabay
254

Веројатно ви се случило некогаш да не ставите лук во јадењето кое сте брзале да го направите што поскоро само затоа што не сте сакале да губите време на лупење и сечкање. Еве еден одличен трик со чија помош секогаш ќе имате при рака лук готов за употреба.

Лукот стана незаменлив во готвењето, а на оброците им дава посебна пикантност и вкус, а се разбира и дека е одличен во борбата против настинките, но има и многу други здравствени придобивки за кои веќе сме пишувале. Домаќинките често се прашуваат како правилно да го чуваат лукот без да го изгубат неговиот квалитет.

Доколку имате многу лук и често го користите во готвењето, овој едноставен трик кој брзо стана вирален на социјалните мрежи може да ви помогне на многу начини и да го намалите времето потребно за да излупите и исечкате лук за некое јадење.

Наместо да го лупите и сечкате лукот секој пат кога правите ручек или вечера, обидете се да го изблендирате во блендер со малку масло за да направите паста. Потоа префрлете го во сад за мраз, ставете го во замрзнувач и вадете по една коцка секој пат кога ќе ви затреба за некое јадење.

Ваквиот начин на чување нема да го промени вкусот на лукот, а вашето јадење ќе го има тој карактеристичен вкус. Погледнете како изгледа целиот процес во видеото подолу.