Како се прават домашни коцки за супа?

Фото: Unsplash
324

Одвојте малку време за да направите домашни коцки за супа и секогаш ќе имате вкусен оброк.

Сите сакаат домашна храна, но денешните домаќинки имаат се помалку време. Помеѓу работата и другите обврски тешко наоѓаат време да зготват, па најчесто се прават некои брзи и едноставни оброци како што се тестенините. Сите се сеќаваме на кујната на нашите баби, кога тие правеа сè сами, кори за пита, леб и домашна супа …

Одвојте малку време за да направите домашни коцки за супа и секогаш ќе имате вкусен оброк. Коцката можете да ја користите за да ја збогатите инстант супата, за сосови, како и за збогатување на вкусот на варивото.

Состојки:

батаци или крилца
морков
магдонос
целер
кромид

Приготвување:

Зеленчукот (освен магдоносот) исечкајте го на ситни парчиња и ставете го во тенџере, а потоа додадете го месото. Ставете вода, покријте и варете на тивок оган. Периодично додавајте вода ако видите дека испарила. Додадете сол, бибер и сув зачин. Слободно додадете уште малку зачин доколку сакате. Кога се добро ќе се свари, односно кога ќе добиете погуста смеса, исклучете го и додадете го магдоносот. Оставете да се излади, па ставете во блендер и изблендирајте. Се става во плеха, а потоа во замрзнувач преку ноќ, па се сече на коцки, се става во хартиена или во кесичка за замрзнување и се враќа во замрзнувач, па се користи по потреба.