Качамак или палента, здрав оброк со малку калории

Фото: Freepik
713

Палентата има многу малку калории и е идеален оброк за слабеење. Сто грама палента содржат околу 380 калории. Таа е одличен избор и како здрав оброк за најмалите, особено во комбинација со јогурт или со некој зеленчук.

Палентата или качамакот е јадење кое настанало во северна Италија. Од секогаш се сметало за селско јадење, здраво е, вкусно е и ефтино, а може да се консумира на разни начини во комбинација со различни намирници.

Палентата има многу малку калории и е идеален оброк за слабеење. Сто грама палента содржат околу 380 калории. Таа е одличен избор и како здрав оброк за најмалите, особено во комбинација со јогурт или со некој зеленчук.

Идеално е за мали бебиња, за луѓе кои водат сметка за килограмите или пак за оние кои имаат проблеми со системот за варење. Палентата содржи доволно минерали, нутриенти и витамини за да може телото нормално да функционира. Палентата има големо влијание на спречувањето на разни болести, како и на севкупното здравје на човекот. Во својот состав има природни масти, односно каритеноиди и токму тие здрави маснотии поттикнуваат подобра и поквалитетна работа на цревата. Палентата е одлична и за елиминирање на вишокот на килограми затоа што исто така, влијае и на добро и здраво варење на храната.

Диетата со качамак која се применува само 4 дена, е безболен и здрав начин да ги прочистите цревата и да симнете 2-3 килограми телесна маса. Притоа, нема да го казните својот организам со недостаток на хранливи материи, напротив, уште и ќе го наградите, бидејќи вашите оброци ќе имаат доволна количина на витамини, минерали и други активни материи, кои ви се потребни за здраво функционирање.

Качамакот е многу корисна храна за општата здравствена состојба на човечкиот организам, а покрај тоа поттикнува и поквалитетна работа на цревата. Качамакот се препорачува за отстранување на вишокот килограми, бидејќи делува стимулативно врз доброто и здраво варење на храната. Тоа е намирница која одлично ги чисти цревата, а истовремено го снабдува организмот со долготрајна енергија, такашто за овие 4 дена нема ни да почувствувате дека сте на некоја диета.

Значи, ова е еден од најдобрите и најефикасните начини да бидете на диета, особено ако не сте подготвени за некои поригорозни мерки за редуцирање на исхраната.

Диетата со качамак би требало да ви ги зајакне клетките на дебелото црево, а антиоксидантниот ефект се изразува не само на цревата, туку и на целиот организам. За ова време, ќе го забрзате метаболизмот, а можеби дури и ќе го намалите нивото на холестерол во крвта.

Еве и како се применува качамак диетата по денови:

1 Ден

Направете качамак од 400 гр палента и 2 литри вода. Поделете го на 3 или 4 оброци, а потоа на ова додадете за појадок 5 сливи, за ручек – 1 краставица и 1 домат попладне или за вечера.

2 ден

Направете качамак од 400 гр палента и 2 литри вода. Поделете го на 3 или 4 оброци, а потоа додајте 1 јаболко на појадок, 200 гр свежа зелка за ручек, 300 гр зелена салата попладне и 2 рендани моркови со малку сок од лимон за вечера.

3 ден

Повторете го менито од првиот ден.

4 ден

Повторете го менито од вториот ден.

Напомена:

Наведената количина е максимална мерка што може да ја внесете во текот на денот, а исто така можете да ги намалите оброците, според вашите потреби. Важно е да знаете дека за време на оваа диета, не треба да се чувствувате гладни, туку да се чувствувате сосема пријатно. За сето ова време, водете сметка да внесувате многу течности, а препорачливо е да пиете 2-3 чаши зелен чај секој ден – секако без шеќер.