Кефирот се враќа на престолот: За подобро здравје на сите, за слабеење и за трезнење

Фото: Freepik
236

Во Русија кефирот е вклучен во исхраната на децата од шест месеци. Тој го спречува развојот на патогена флора во цревата и содржи витамини A, D, K и E. Лесно се вари и е погоден за исхрана на луѓето кои не можат да ја варат лактозата.

Кај нас и порано луѓето си разменуваат кефирни зрна и си правеа дома кефир, па кога ќе се намножеа, ги споделуваа со пријатели и роднини. Потоа, едно време, како да им здодеа на луѓето, па дури имаше период кога не можеа да се најдат кефирни зрна. Сега изгледа како тие повторно да се вратија во домовите и на листата на здрави пијалаци, па сите индустрии за производство на млеко и јогурт, почнуваат да го нудат како свој производ и кефирот.

Инаку, кефирот е ферментиран млечен производ направен од кефирни зрнца кои содржат бактерии и квасец. Во Русија со задоволство го пијат и децата и возрасните, се наоѓа на менијата на детските градинки и во болниците, а го пијат и сите кои сакаат да ослабнат или да се отрезнат.

Кефирот е кисел и благо горчлив напиток, но здрав е и освежува. Во основа е ферментирано кравјо, козјо или овчо млеко и кефирови зрна кои се всушност склоп на бактерии и габички, кои живеат во симбиоза и се одговорни за ферментацијата на млекото.

Сите Руси се горди на овој национален напиток,  кој најпрвин се правел на Кавказ, во вреќа од козја кожа обесена близу до влезната врата. Секој кој минувал покрај неа морал да ја удира за млекото подобро да се помеша со кефирните зрнца. Видовите на кефир се разликуваат најпрвин по староста, но и по други критериуми – нивото на киселост, количината на јреглен-диоксид, па дури и алкохол (од 0,2 до 0,6 проценти).

Кефирот првпат официјално се споменува во извештај на Кавкаското медицинско друштво од 1867. година.

Еден од првите истражувачи на кефирот заклучил дека кефирната култура настанала од габична култура од ферментот на напитокот „кумис“, која се проширила кога на Кавказ дошле степските народи. Подоцна Русите наместо коњско почнале да користат козјо и кравјо млеко и во него да додаваат кефирни зрна.

Рецептот за кефирот бил долго чуван во тајност. Регионот на Кавказ често го посетувале благородниците. Руското здружение на лекари во 19.век го замолиле познатиот трговец Николај Бландов да произведе голема количина кефир. Кефирните зрнца од Кавказ стигнале во Москва и така почнало масовно производство на овој напиток.

Вистинскиот кефир не се пастеризира и не треба да се чува подолго од 14 дена. Бебињата можат да пијат кефир кој стои најдолго пет дена. Во многу земји се продаваат напитоци слични на кефир, но се разликуваат од рускиот кефир по по количината на бактерии и по тоа што често се пастеризираат.

Во Русија кефирот е вклучен во исхраната на децата од шест месеци. Тој го спречува развојот на патогена флора во цревата и содржи витамини A, D, K и E. Лесно се вари и е погоден за исхрана на луѓето кои не можат да ја варат лактозата.

Брзи и лесни рецепти со кефир

Кефир со цимет помага за согорување на масти – само додајте прстофат цимет во чаша кефир. Можете да додадете мед или рендан ѓумбир.

За јакнење на имунитетот пред спиење треба да се напиете кефир со јаболко. Изрендајте свежо јаболко и додадете го во чаша кефир. Можете да додадете и мед.

Навечер можете да се напиете и кефир со ленени семки. Тоа ја подобрува работата на органите за варење, ја стабилизраат работата на црниот дроб и ја подобруваат циркулацијата. Ставете лажичка ленено семе во чаша кефир.