Колач како бомба

245

Колачот е направен во еден здив, по оригиналниот рецепт на нашата читателка Лихнида Дамовска.

Овој рецепт нема да го најдете никаде, ама колачот на фотографиите изгледа толку добро што ви советуваме само „слепо“ да го следите. Нашата читателка Лихнида Дамовска го направила во еден здив, онака како што уметниците ги прават своите најдобри дела во момент на инспирација. Во случајов и во момент на голема желба за некое слатко задоволство 

Состојки:

2 јајца на собна температура

9 лажици брашно

4 лажици рогач

9 лажици млеко

8 лажици шеќер

70 г путер

1 прашок за пециво

300 г суво овошје по ваш избор

1 ванилин шеќер или 1 лажица екстракт од ванила

1 лажица рум

цимет, морско оревче

200 г ореви

Кора и сок од 1 портокал

За прелив:

200 г темно чоколадо

1 лажиче путер

2 лажици млеко

ф’стаци.

Приготвување:

Се мешаат сите состојки, без сокот од портокал.

Треба да се внимава, ако е тестото многу густо, овошјето може да ви падне на дното. Затоа, ако ви се гледа густо, додадете уште малку млеко (1 – 2 лажици). Се става во подмачкан калап за куглоф или во обичен сад за печење колачи и се пече прво на 200 степени, па на 180 околу 30 минути.

Кога ќе се олади се прелива со сокот од портокал.

Се прави чоколадна глазура со едно лажиче путер и две млеко. На крај се поросува со ф’стаци.