Корисен трик за брзо и лесно сечење кромид (ВИДЕО)

Фото: ТикТок
601

Кулинарски гуру на ТикТок покажа едноставен трик како брзо и лесно да исечете совршено тенки парчиња кромид користејќи само два предмети – вилушка и лупач.

Видеото на кој еден француски готвачки покажа едноставен трик за брзо и лесно да добиете совршено тенко исечени парчиња кромид е прегледано неверојатни 84 милиони пати и воодушеви многу корисници кои признаа дека едвај чекаат да го испробаат.
Кулинарскиот гуру на ТикТок покажа како се сече кромид користејќи само два предмети – вилушка и лупач. Долниот дел од кромидот свртен надолу го прободува со вилушка, го прицврстува со дланката, а со другата рака поминува со лупачот напред-назад, сечејќи тенки и мали кришки. Овој француски готвач вели дека парчињата кромид се совршени за вашата плескавица и за вашата пица.
Тој додава дека ако сечилото на лупачот не е широко колку кромидот, треба да се помине со лупачот по секоја страна од зеленчукот. Готвачот исто така објаснува дека можете да притискате повеќе со лупачот доколку сакате да добиете малку подебели парчиња.

@casa_tips

White or red onion? which one do you prefer to eat ? Tell us in the comments. A fork + a strong peeler made in Germany = epic win ! #kitchenhacks #vegetablepeeler #casatips

♬ son original – Casa Tips