Крем чорба од брокули

568

Оваа чорба од брокули се прави толку брзо што слободно може да се каже дека е здрав фаст-фуд

Состојки:

1 главица брокули

1 кромид

1 лажица маслиново масло

Сол, бибер

Малку морско оревче

Приготвување:

  1. Исечкајте го ситно кромидот и ставете го во тенџере кадешто ќе додадете маслиново масло и ½ шолја вода и ќе го динстате додека не стане проѕирен.
  2. Потоа додадете ги цветовите брокула и прелијте ги со врела вода така за да ги прекријат. Додадете ги зачините и варете 3-5 минути. Измешајте се во блендер и по желба додадете си во чинијата 1 лажица павлака.