Сочен и здрав колач со тиквички и батат

Фото: Pexels
202

Зошто да не? Тиквичките му даваат на колачот сочност, а слаткиот компир го заменува шеќерот

Состојки:

2 јајца

2 шолји рендани тиквички

1 шолја пире од батат

100 г црно чоколадо со 60% какао

160 г овесни снегулки

130 г путер

пола пакетче прашок за пециво

60 мл млеко

60 г какао

Приготвување:

Тиквичката ја рендаме, ја оставаме да се исцеди од вишокот течност.

Компирот го обаруваме на пареа за да омекне, а овесните снегулки во блендер ги блендираме додека не добиеме брашно.

Од бататот додека е топол направете пире и додадете го изренданото чоколадо за да се растопи. Добро измешајте и оставете да се олади.
Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки, прашокот за пециво, растопениот и оладен путер, тиквичката, млекото и какаото. Промешуваме. Ја додаваме смесата во изматените јајца, убаво мешаме, па го додаваме и пирето. Промешуваме со лажица.
Смесата ја ставаме во правоаголна тава обложена со хартија за печење.

Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. По потреба, продолжете го времето на печење.

Ао сакате, одозгора прелијте го колачот со растопено чоколадо, со малку путер и млеко. За ова ќе ви треба дополнителна количина од овие состојки.