Кромидот не е залудно дел од секоја манџа: Лек против згрутчување на крвта, главоболка, тумор…

Фото: Unsplash
631

Кромидот секогаш бил дел од нашите оброци, без оглед дали се консумира свеж или зготвен. Но кромидот е дел и од многу народни лекови кои можат да помогнат во третирањето на разни здравствени состојби

Кромидот е неизбежен дел од секоја манџа, а го сакаме и свеж, во разни салати. Секако, ваквата голема употреба на кромидот не е без основа. Освен што им дава вкус на јадењата, кромидот има и здравствени ефекти. За какви здравствени проблеми се употребува и за што сѐ може да помогне прочитајте во продолжение.

Облоги од кромид
Во случај на главоболка, отекување, болка во ушите и настинка, на воспалените места ставете облози со сечкан кромид.
За висока температура ставете облози со сечкан кромид на нозете.
Во случај на крварење, ставете облози со сечкан кромид на вратот.
За лир или за поткожен чир, изрендајте еден кромид и помешајте го со малку маслиново масло, а потоа ставете го на болното место и држете го 1 или 2 часа.

Сок од кромид
Исечкајте го ситно кромидот и стиснете го сокот. Ако имате воспаление на белите дробови или некоја друга болест, помешајте го сокот со 1 лажица мед и земајте од смесата 2 или 3 пати дневно.
За да го поттикнете растењето на косата, масирајте ја главата користејќи сок од кромид, неколку пати дневно.
Излекувајте ја кашлицата со сок од кромид разблажен со вода. Истиот рецепт важи за чистење на црева од паразити.
За кожни заболувања втријте сок од кромид во кожата неколку пати дневно.
Против надуен желудник, пијте сок од кромид помешан со ракија во еднакви пропорции.

Варен кромид

За зачестено мокрење и чир, исечкајте 1 главица кромид, помешајте го кромидот во 2 дл вода со 1 лажица мед. Потоа варете го кромидот со малку рузмарин, 2 дл вино и 2 дл вода и пијте 1 лажица на секој час.

Печен кромид

Ако имате проблем со згрутчување на крвта, секој ден треба да јадете една главица кромид пржена во маслиново масло, и тоа во попладневните часови и навечер.
Кај воспаление на уши, ставете на уво облог со врел печен кромид и држете го така извесно време.
Кај различни видови на тумори, листови на печен кромид ставете на површината од кожата.