Лешникови гнезда

361

Состојки:

150 г путер

200 г кафеав шеќер

100 г потпечени лешници

100 г чоколадо за готвење

200 мл вода

250 г мелени бисквити

Нутела

Приготвување:

Путерот, шеќерот и чоколадото се ставаат во вода на оган, за да се стопат. Кога ќе зоврие водата, се трга настрана и се додаваат лешниците и мелените бисквити.

Се остава малку да се излади. Се прават  топчиња кои се валкаат во потпечен мелен лешник. Со прст се прави вдлабнатина, која потоа се полни со Нутела. Се ставаат во фрижидер да се стегнат.

„Поубави нема“! Така барем вели нашата читателка.