Лути пиперчиња и црн пипер за апетит, за здравје, ама и за некои други цели

Фото: Unsplash
668

Лутите пиперчиња и црниот пипер се најупотребуваните и најпознати зачини, па некои ги додаваат за да го подобрат вкусот на храната, а некои за да си го поттикнат апетитот. Сепак, можеби не знаете дека тие можат да послужат и како лек против главоболка, дека се добри за здравјето на црниот дроб, ама и дека имаат и некои практични намени во домаќинството

Освен што се користат како зачин, лутите пиперки и црниот пипер можат да се користат и како природен лек (против настинка, главоболка и сл.), но и за разни други корисни намени во домаќинството.

Против настинки
Ако сте настинати или ви се затнати носот и синусите, запиперете ги добро супата или јадењето. Супстанциите што ги содржи пиперот ја надразнуваатслузокожата на носот и го зголемуваат производството на повеќе течна слуз, која помага да се отпушти носот, на сосема природен начин.

Против главоболка
Капсаицинот содржан во лутите пиперки ја ублажува болката. Ги отапува невротрансмитерите кои испраќаат сигнали за болка до мозокот. Значи, пиперката може да се користи против главоболка на два начини. Првиот е да растворите малку лута алева пиперка во чаша вода и да ја испиете. Другиот начин е да направите паста од маслиново масло и лута алева пиперка и да ја втриете во слепоочниците или на местото каде што ве боли.

За здравјето на црниот дроб
Капсаицинот е исто така познат како добар за здравјето на црниот дроб, помагајќи да се спречи оштетување и пропаѓање на црниот дроб. Така можете да ја направите следната напивка. Додадете ¼ лажичка луто пиперче и лажичка мед во чаша лимонада. Овој напиток можете да го пиете секое утро како превенција, здрав е за целиот организам, не само за црниот дроб.

За освежување на боите на облеката
Ако вашата облека е избледена, додадете неколку лажички црн пипер во машината за перење. Не само што ќе ги освежи боите, туку и ќе направи да траат подолго. Ако на облеката има траги од пиперот кога ќе ја извадите од машината, не е проблем: едноставно исплакнете ги.

Да ги избркате мравките
И црниот пипер и лутите пиперчиња ги одбиваат мравките, но вторите се поефикасни. Мравките не го поднесуваат мирисот на лутата пиперка, па ако сакате да ги избркате, исечкајте неколку лути пиперчиња и расфрлајте ги на местата каде што има мравки.

За заштита на растенијата
Ако имате проблем со штетници во градината, обидете се да измешате еднакви количини црн пипер и брашно и со тој прав поросете ја почвата околу растенијата. Исто како мравките, на повеќето инсекти и други градинарски штетници ова не им се допаѓа, па ќе ги избркате.