Макало од компири и суви пиперки

902

Ова е еден стар рецепт кој го правеа нашите баби, а после долго време се потсетивме на него и си го направивме и сами. Едноставно и многу многу вкусно макало

Состојки:

½ кг компири

10 суви пиперки

1 праз

2-3 чешниња лук

сол, бибер, зејтин

Ако сте љубител на луто, можете да додадете и луто пиперче или малку чили во прав

Приготвување:

  1. Компирите се варат со лушпа, а кога ќе се сварат и ќе се оладат, се лупат и се гмечат со вилушка

2. Се варат и суви пиперки, а потоа и тие се лупат, па се гмечат заедно со лукчето

3. Празот се сечка ситно и се става во садот во кој претходно сте ги ставиле компирите, пиперките и лукот.

4. Се зачинува, се става малку зејтин и убаво се меша.

5. Послужете со црно лепче.