Помфрит од цвекло

574

Ако сакате да грицкате помеѓу оброци, еве еден предлог за нешто сосема поинакво. Подгответе едноставен, здрав и ароматичен помфрит од цвекло, зачинете го со омилените зачини и уживајте без грижа на совест.

Состојки:

2 поголеми главици цвекло

1 лажица маслиново масло

2 лажици пармезан

Малку ким

Магдонос,

Сол, бибер

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени, а тепсијата во која ќе печете обложете ја со хартија за печење.

2. Излупете го цвеклото и исечкајте го на тенки стапчиња

3. Распоредете го на хартијата за печење и попрскајте го со маслиново масло.

4. Додадете ги зачините и добро измешајте.

5. Печете околу 20 минути до половина час, а додека се печат повремено растресете ги.

6. Кога ќе ги извадите од рерна поросете ги со пармезан.