Макарони на стапче

140

Еве една одлична идеја за љубителите на тестенини и кога сакате да ги изненадите своите и дома или гостите со нешто интересно, ама и лесно за подготвување.

Нашата читателка Оле вели дека е голема љубителка на месо и не признава оброк ако во него нема барем малку, колку за вкус.

Не знае како е можно од мајка „месарка“ да излезе ќерка вегетаријанка, а бидејќи сака да декорира, кога ѝ готви на ќерката знае да се занесе и да си поигра со храната па дури и од обични тестенини да направи раженчиња. Сепак, овие на фотографијата кои се наменети за неа и сопругот, се со омилениот додаток, сува месната сланинка.

Макароните се варат ал денте, се полеваат со ладна вода и се процедуваат. Потоа се боцкаат на стапчиња за раженчиња и се премачкуваат со кечап.

Се става кашкавал и останатото по желба, сланина, печурки, маслинки илки некој зеленчук. Се печат во рерна околу 20 минути, во зависност од тоа со што се искомбинирани.