Како се нижеше пиперот за македонската вегета…Четврто издание на настанот посветен на буковката

502

Месецот октомври не е случајно избран како време за одржување на овој настан бидејќи токму ова е периодот кога е пикот на бербата на буковската пиперка. Нема двор на производител кој не е накитен со низи црвени пиперки на стреите од куќите. Нивното природно сушење е првиот чекор за производство на зачинот „буковка“.

Утре (сабота, 8. октомври) во селото Буково ќе се одржи четвртото издание на традиционалниот настан посветен на буковската пипер „Вкусот на Буково“.
Месецот октомври не е случајно избран како време за одржување на овој настан бидејќи токму ова е периодот кога е пикот на бербата на буковската пиперка. Нема двор на производител, а да не е накитен со низи црвени пиперки кои се поставени на стреите од куќите за нивно природно сушење што претставува и првиот чекор за производство на зачинот буковска пипер.

Селото Буково се смета за едно од ретките места кои се благословен со божји дар и го имаат ова непресушно богатство од жолто-златно семе кое производителите „себично“ го чуваат за наредната година. Од ова автохтоно семе се произведува највкусниот зачин по кој Буково е познато уште и како татковина на најдобриот црвен пипер. Не е лут, ама има неповторлив пријатен мирис и вкус.


После три успешни изданија на „Вкусот на Буково“ и двегодишна пауза не очекува четвртото издание на кое домаќините и овој пат ќе ве пречекаат со богата трпеза во која
буковската пипер пак замешала прсти.
Настанот е во организација на Президиум Буково, а со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Слоу Фуд Македонија, Месна
заедница Буково и Концепт продукција.