Маса за еден? (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук
45

Среде поле близу малото шведско гратче Рансетер поставена е маса за еден гостин до кој храната спакувана во кошница стигнува лизгајќи се по јаже, директно од кујната на шеф Расмус Персон

Сместен на средина од поле во малиот град Рансетер, Bord for en („маса за едeн“) секој ден поставува една маса со столче за еден гостин кој го опслужуваат со три курсеви оброци спакувани во кошници и доставени по јаже директно од кујната.

Ресторанот е во сопственост на готвачот Расмус Персон и неговата партнерка Линда Карлсон, кои на овој начин немаат потреба од никаков персонал кој би требало да го послужува гостинот.

Храната ја готви Персон во неговата кујна, а Карлсон ја пакува во кошница пред да биде испратена по јажето до масата во полето.

Наместо да им наплаќаат фиксна цена, тие практикуваат модел на плаќање што им овозможува на луѓето да платат секаква сума што сметаат дека е соодветна за услугата.

„Во овој период на пандемија многу луѓе ја губат работата, кариерата, некои изгубиле блиски луѓе, а некои го губат и паметот. Мислам дека на многумина добро им доаѓаат два часа само за себе, во убаво опкружување и со добра храна“, вели шеф Расмус Персон.

Двојката планира да го задржи ресторанот отворен и во текот на летото.