Многу луѓе се алергични на храна, без да знаат за тоа – Кои се првите симптоми?

Фото: Pexels
212

Пред сè, треба да научите да правите разлика помеѓу алергија на храна и нетолеранција на храна. Додека нетолеранцијата значи дека дигестивниот систем не може да вари одредена храна, алергијата предизвикува различни реакции на имунолошкиот систем.


Доколку често имате чудни физички реакции по конзумирање на одредена храна, најверојатно сте алергични на неа, без да имате воопшто поим за тоа. Алергијата на храна може да има тешки симптоми кои можат да доведат до гушење, потреба од итна медицинска интервенција, па дури и анафилактичен шок кој може да има последици кои се опасни по живот, но овие симптоми се многу поретки од благите.

Пред сè, треба да научите да правите разлика помеѓу алергија на храна и нетолеранција на храна. Додека нетолеранцијата значи дека дигестивниот систем не може да вари одредена храна, алергијата предизвикува различни реакции на имунолошкиот систем.
Најсигурен начин да откриете дали „страдате“ од алергија на одреден вид храна е тестот за нетолеранција на храна. Голем број луѓе имаат благи алергиски реакции, кои не претставуваат посебен проблем, па затоа одењето на лекар им е последното нешто на што помислуваат. Многумина не се ни свесни дека одредени реакции на нашето тело имаат врска со храната што не им годи, поточно, на која се алергични.

Симптоми на алергија на храна
Симптомите на алергија на храна кај возрасните може да се движат од благи до тешки и не ги погодуваат сите на ист начин. Ова се некои од почестите симптоми кои се појавуваат.

Тешкотии со дишењето
Ако веднаш по јадењето на одредено јадење дишете тешко (а притоа, не сте се прејале), едвај доаѓате до здив и грлото ви се стега, може да значи дека имате проблем со алергија.

Црвенило или осип
Ова е секако најпознатиот симптом на алергиска реакција. Се јавува „осамен“, но може да биде придружен и со печење, чешање, непријатност…

Проблем со голтањето
Овој симптом може да биде и знак за најтешка форма на алергиска реакција, па затоа е неопходно да се побара помош од лекар.

Чешање во устата или околу усните
Доколку после конзумирање на одредена храна се соочите со ненадејно чешање околу устата и во самата уста, веројатно се работи за алергиска реакција. Овој симптом секогаш се јавува веднаш по или дури и за време на консумирањето храна.

Кивање и чешање на очите
Доколку веднаш после јадење на некоја храна се јави чешање и иритација на очите, можно е да се работи за алергиска реакција. Истото важи и за кивањето.

Посилно биење на срцето
Ова не е типичен симптом на алергиска реакција, но може да се случи да биде ако се појавува само кога седите и јадете одредена храна.

Алергија на кикиритки
Алергијата на кикиритки е една од најчестите алергии на храна и само мало количество кикиритки може да биде фатално. Реакциите може да настанат поради јадење кикиритки, контакт со кожата и вдишување на прашина или пареа од кикиритки. Многу намирници содржат кикиритки, а тие можат да бидат „скриени“ и на тој начин да предизвикаат алергиска реакција.

Најчести симптоми на алергија на кикиритки се црвенило, осип и чешање на кожата, пецкање во устата и пределот на грлото, стегање во грлото и чувство на задушување, отежнато дишење и анафилактичен шок. Оваа алергија може да биде опасна по живот. При првото појавување на симптомите, препорачливо е да се побара лекарска помош што е можно поскоро.