Мускатно оревче: едно е добро, второто ќе ви наштети, а третото може да ве убие

Фото: Pixabay
847

Ако се користи умерено, мускатното оревче ги ублажува киселините, го поттикнува варењето, ги смирува болките, детоксицира, го чува здравјето на коските, ја ублажува несоницата, анксиозноста и депресијата.

Супер здравото миризливо оревче кое е на листата од омилени зачини на многумина, има и своја мрачна страна. Во преголеми количини предизвикува мачнини, грчеви и халуцинации, како и неправилна работа на срцето, дерматитис, алергии … а иако постои опасност и од смрт, забележани се само ретки случаи.

Максималната количина која може да се консумира дневно е 3-5 грама, што и не е многу веројатно со оглед на неговата ароматичност. Ако се користи умерено, мускатното оревче ги ублажува киселините, го поттикнува варењето, ги смирува болките, детоксицира, го чува здравјето на коските, ја ублажува несоницата, анксиозноста и депресијата.

Некогаш овој најскап зачин на светот дошол од островите Банда, а и денеска повеќе се цени од оној кој доаѓа од индиските стебла. Колку се поголеми толку се поскапи. Мускатното оревче со својата арома и лековитите моќи е познато во целиот свет.

Но од секогаш оние кои го продавале биле многу внимателни и им велеле на своите купувачи: „едно е добро за тебе, второто ќе ти наштети, а третото може да те убие“.

Мускатното оревче одлично се комбинира со кардамом, цимет, каранфилчиња, коријандер, ѓумбир, кумин, црн пипер, мајчина душица, а се додава и во слатки си во солени јадења. Најдобро е да се купи цело затоа што ако се чува во затворен сад има речиси неограничен рок на траење а најдобро е да се изренда пред крајот на приготвувањето на јадењето за да ја задржи убавата арома.