Не го пропуштајте младиот грашок

Фото: Unsplash
176

Редовното консумирање на оваа храна обезбедува постојан проток на енергија, правилна функција на дебелото црево и истовремено го забавува растот на гликозата и холестеролот во крвта. Витаминот Б1 има корисен ефект врз нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Грашокот спаѓа во групата на мешунките и има многу лековити состојки. Затоа, секогаш е добредојдено во исхраната и може да се подготви на различни начини: како предјадење, во салати, супи или како главно јадење, со секаков вид месо, ориз, компири и слично.

Содржи доста калории, јаглени хидрати, протеини, растителни влакна. Богат е со калиум, железо, витамини (А, Ц, Б1, Б9). Свежиот млад грашок е богат со корисни состојки, додека сушениот грашок има најмногу калории.

Редовното консумирање на оваа храна обезбедува постојан проток на енергија, правилна функција на дебелото црево и истовремено го забавува растот на гликозата и холестеролот во крвта. Витаминот Б1 има корисен ефект врз нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Грашокот е многу корисен за метаболизмот кај луѓе кои подолго време биле под дејство на антибиотици.

Сега е сезона на млад грашок, значи време е за купување на поголеми количини – за да си замрзнете за зимоска.