Над 60 винарии и над 450 етикети на вино на „Винодонија”

Фото: Pixabay
247

Од околу 30 винарии, колку што беа присутни на првиот скопски вински салон – Винодонија 2016 во тогаш новоотворениот хотел Мериот, сега, на годинешниот, Винодонија 2022, на истото место ќе изложуваат над 60 винарии, а ќе се дегустираат над 450 етикети на вино

Можност за дегустација на вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино ќе понуди шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија”, кој годинава ќе се одржи на 25 и 26 ноември во хотел „Мериот“, во Скопје.

За разлика од првиот скопски вински салон кој се одржа во 2016 во тогаш новоотворениот хотел Мериот, каде што изложуваа околу 30 винарии, на годинешниот, Винодонија 2022, на истото место ќе изложуваат над 60 винарии, а ќе се дегустираат над 450 етикети на вино.

Според организатортите, „Винодонија” стана традиција која ја негува винската страст, промовира добри вина, едуцира и со години ја потврдува и својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.

За двата дена на „Винодонија” ќе се одржат работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија”, „Запознај ја винската Хрватска”, „Основи на спарување на вино и храна” и „Во светот на винските меурчиња”.

„Гостите што за својот викенд – избор на 25 или на 26 ноември ќе ја посетат „Винодонија”, ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна, па во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15 гастрономски брендови од Македонија“, најавуваат организаторите.

И уште еден адут на „Винодонија” кој ќе се одржува е настапот на џез бендот на домашниот реномиран музичар Георги Шаревски. 

Секоја карта за овој настан ви овозможува еднодневен влез на салонот (на 25 или на 26 ноември) и дегустација на над 450 етикети од над 60 винарии!