Наместо во масло, пржете во бујон и направете ја храната поздрава

Фото: Unsplash
571

Заборавете на маслото кога сакате да испржите нешто, сега користете поздрава верзија.

Пржената храна е многу вкусна и на сите омилена, но не е пожелно да се јаде често, бидејќи не е здраво да се јаде толку масно. За пржење се користи масло или путер, а тие се доста јаки и мрсни, особено ако нешто треба да се пржи во многу масло, како што е случајот со помфритот, мекиците или крофните.

Маслиновото масло е малку поздраво, но не се препорачува да се пржи во него. Тоа се користи за зачинување на салати, за риба која е веќе пржена… Доколку сте на диета или едноставно внимавате да се храните здраво, не се препорачува да јадете пржена храна. Но, кој може да ѝ одолее?

Ви нудиме совршено решение кое достојно ќе ги замени маслото или путерот. Тоа е супа од зеленчук (бујон). Веќе знаете дека е добро секогаш да имате замрзната супа, бидејќи не само што ѝ дава посебен вкус на храната, туку е многу корисна и како замена за маслото.

Во тавата истурете 2 лажици супа и ставете го месото да се пржи. Ако правите храна за која ви треба повеќе масло, слободно ставете повеќе. И ако сепак ќе има одреден процент на маснотии кога се пржи во бујон, храната ќе биде помалку калорична, но и поздрава.