Наместо пржени лепчиња

1.124

Полесен, побрз начин, па и повкусен начин за да испржите стар леб е овој, исечкан на малипарчиња и во комплет со сирење

Нашиот читател Стефан Русевски си го поедноставил омилениот појадок – пржени кришки леб со јајца. Ако и вие го сакате овој стар добар појадок, направете го по овој рецепт. Наместо да пржите кришка по кришка леб и да си го послужите со парче сирење, направете вака:

Исечкајте го стариот леб на мали парчиња.

Изматете Јајца, измешајте внатре рендано биено сирење и прелијте го лебот. Измешајте убаво и истурете ја содржината да се пржи на врел зејтин.

На крај , ако ви фалат калории, изрендајте и малку путер и дополнително уште малку рендано бело сирење.