Намирници кои луѓето со дијабетес треба да ги јадат секој ден

Фото: Pixabay
796

Изборот на здрава храна за контрола на шеќерот во крвта е клучен за оние со дијабетес тип 2, но што ако постоеше храна која не само што го држи дијабетесот под контрола, туку и го подобрува целокупното здравје. Токму такви се овие 8 намирници

Научниците открија дека изборот на некои намирници не само што се клучни за оние со дијабетес тип 2, туку и освен што го држат дијабетесот под контрола, го подобруваат и целокупното здравје. Следните намирници придонесуваат за подобра контрола на шеќерот во крвта, пишува CookingLigh.

Боровинки – јадењето на ова мало сино овошје е одличен начин да ја добиете вашата дневна доза на јаглехидрати, а дополнително, редовното консумирање боровинки и други бобинки ја намалува чувствителноста на инсулин. Истражувачите, исто така, го признаваат антиинфламаторниот ефект на фитохемикалиите во бобинките како веројатно намалување на некои од кардиоваскуларните ризици поврзани со дијабетес тип 2.

Портокал, грејпфрут и мандарини – истражувањата покажуваат дека конзумирањето на цитрусно овошје има позитивно, долгорочно влијание на шеќерот во крвта, како и на нивото на холестерол, благодарение на антиинфламаторното соединение хесперидин и здравата доза на растворливи влакна. Дополнителните истражувања од Факултетот за јавно здравје на Харвард сугерираат дека консумирањето цело овошје наместо сок е поврзано со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.

Наутот, гравот и леќата се добро познати намирници со низок гликемиски индекс, што ги прави добар избор за луѓето со дијабетес, а новото истражување сугерира дека конзумирањето мешунки всушност може да има тераписки ефект. Во студија од 2012 година објавена во Archives of Internal Medicine, луѓето со дијабетес тип 2 консумирале една чаша мешунки дневно како дел од нивниот внес на јаглени хидрати три месеци. Во споредба со другите учесници во студијата, дневните конзументи на мешунки покажале поголемо намалување на вредностите на хемоглобинот A1c и намалување на крвниот притисок.

Темно чоколадо – дали слаткото задоволство навистина може да ја подобри контролата на гликозата? Некои студии покажаа дека мала количина висококвалитетно, темно чоколадо консумирано дневно го намалува нивото на инсулин и крвниот притисок. Видливите ефекти се припишуваат на соединенијата наречени полифеноли. Луѓето со дијагностициран дијабетес сепак треба да се консултираат со лекар или да заменат друга закуска со јаглени хидрати со висококвалитетно темно чоколадо.

Растителни оброци – Вегетаријанците имаат значително помал ризик од развој на дијабетес тип 2, но многумина претпоставуваат дека тоа е затоа што тие исто така имаат понизок БМИ. Но, една студија од 2012 година објавена во Journal of Preventive Medicine покажала дека исхраната богата со хранливи материи и фокусирана на дневен внес на овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки, а изоставувањето на месото има големо влијание врз луѓето со дијабетес. Всушност, по седум месеци од таквата диета, учесниците во студијата имале значително намалување на HgbA1c, на крвниот притисок и триглицеридите, значително зголемување на нивото на HDL, а 62% имале нивоа на гликоза во крвта во нормални граници.

Маслиново масло – Замената на заситените и транс мастите со поздрави незаситени масти е клучна препорака за сите поединци, но видот на мастите што се консумираат може да игра уште поголема улога во здравјето на оние со дијабетес тип 2. Тоа е затоа што дијабетесот е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Конзумирањето екстра девствено маслиново масло не само што е поврзано со намален ризик од дијабетес, туку некои студии покажуваат дека исто така може да ја подобри употребата на глукоза во клетките благодарение на неговите антиинфламаторни ефекти.

Пробиотици – Во текот на изминатите неколку години, неколку студии ги испитуваа ефектите што можат да ги имаат „добрите“ бактерии врз регулацијата на гликозата. Некои студии се фокусираат на внесот на јогурт, а други на внесот на пробиотици. Првичните наоди во сите студии сугерираат дека консумирањето храна богата со пробиотски бактерии, како што е јогуртот, значително ја подобрува гликозата на гладно и/или HgbA1c кога се консумира редовно во текот на осум недели.

Цимет – помага во намалување на шеќерот во крвта. Точниот механизам со кој циметот го прави ова, како и препорачаниот внес, сè уште се истражува, но повеќето истражувања укажуваат на способноста на циметот да помогне во контролата на гликозата во крвта на дневна и долгорочна основа, без никакви потенцијални несакани ефекти, освен што храната има подобар вкус. Ставете малку цимет на овесна каша, јогурт или во смути.