Напиток кој целосно го ревитализира телото

Фото: Pexels
320

Доматите најчесто се консумираат во салати, сендвичи или како прилог на главното јадење. Но, многу поретко ги пиеме како сок, што е штета бидејќи тој има многу благотворно дејство на целото тело и е вистинска ризница на здравје.

Најчесто со доматите правиме салати или пак сос за шпагети, но веројатно малкумина ги консумираат како сок. Сокот од свежи домати е одличен извор на витамините А и Ц. Со редовно пиење на овој сок ќе спречите можни проблеми со видот, ќе го подобрите имунитетот, а ќе помогне и за здравјето на забите и коските.

Доматите се богати и со витамин Б6. Се претпоставува дека тој го разградува хомоцистеинот, аминокиселина која ги оштетува крвните садови, што доведува до срцеви заболувања.

Благодарение на витаминот Б3 (ниацин), сокот од домати го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и го подига нивото на добриот холестерол.

Влакната во доматите даваат чувство на ситост, па затоа ќе ви биде од голема помош доколку сте на диета.

Нашето тело содржи бројни токсини и адитиви кои ги внесуваме со храната. Доматите ја помагаат работата на бубрезите и црниот дроб, а со тоа помагаат и за чистење на организмот.

Доматите се исто така одличен извор на антиоксиданти кои можат да го спречат дејството и формирањето на слободните радикали.

Можете да користите сок од домати, а можете да го нанесете и на кожата. Ќе ви помогне доколку имате акни или проширени пори.

И конечно, ако имате дигестивни проблеми, сокот од домати навистина може да ви помогне. Ќе ви го олесни варењето и успешно ќе се справи со запекот.