Направете сами тинктура од ѓумбир! Се користи кај третманите за алкохолизам и после хемотерапија
Покрај тоа што е потребна навистина мала количина за да се постигнат сите здравствени придобивки од ѓумбирот, уште една предност на тинктурата е тоа што може да трае многу подолго од свежиот корен. Се препорачува за долгорочно и систематско чистење на црниот дроб (особено кај третманите за алкохолизам и после хемотерапија).
Стотици години ѓумбирот се користи за лековити цели – како помош за ублажување на дигестивни проблеми, респираторни заболувања, воспалителни процеси во телото, настинки, грип и главоболки. Популарен е свеж или во вид на чај, но за лековити цели можете да ја користите и неговата тинктура, која можете сами да ја подготвите дома.
Иако ѓумбирот е исклучително здрав, овој егзотичен лут зачин не е по сечиј вкус.
И додека некои го толерираат вкусот на чајот од ѓумбир, други го избегнуваат само затоа што се чувствителни на неговата пикантност.
Сепак, сите можат да ги уживаат сите придобивки од овој одличен природен лек во форма на тинктура или концентриран екстракт.
Добрата вест е дека само неколку капки од овој моќен природен лек се доволни за да ги постигнете сите посакувани придобивки што може да ги даде ѓумбирот. Ајурведата ја препорачува тинктурата од ѓумбир за чистење на црниот дроб после хемотерапија.
Како растворувач во подготовката на тинктурата се користи алкохол, како вотка, или, во случај на безалкохолна варијанта – јаболков оцет.
Покрај тоа што е потребна навистина мала количина за да се постигнат сите придобивки, уште една предност на тинктурата е тоа што може да трае многу подолго од свежиот корен.
Едноставна изработка и примена
Без разлика дали ќе изберете алкохолна или безалкохолна верзија, правењето тинктура од ѓумбир е исклучително едноставно.
Се што ви треба е да изрендате доволно количество ѓумбир во стаклен сад и да го прелиете со избраната течност која ви служи како база.
Затворете ја теглата и добро протресете, а потоа чувајте ја на темно и суво место.
Тинктура од ѓумбир – рецепт
Состојки:
свеж, рендан ѓумбир
вотка (или јаболков оцет)
Приготвување:
Излупете го и изрендајте го ѓумбирот во чиста тегла, наполнете половина од теглата.
Покријте го изренданиот ѓумбир со алкохол или јаболков оцет (органски).
Теглата цврсто затворете ја и добро протресете ја. Потоа чувајте ја на темно и суво место. Протресувајте ја тинктурата секој ден во текот на две недели.
Тинктурата можете да ја отворите веќе по 2-та недела, но немојте уште да ја цедите – почекајте уште неколку недели за да бидете сигурни дека сите лековити состојки се извлечени во течноста.
Протресувајте ја теглата 2-3 пати неделно во следните неколку недели.
По месец и пол до два месеци, можете да ја исцедите тинктурата преку густа газа или цедалка.
Тинктурата чувајте ја во темно шише со капалка, на суво и темно место.
Корисно е на шишето да се напише точно за која тинктура се работи и да се наведе датумот на производство.
Примена:
Капнете 2-3 капки тинктура во вода или сок и испијте. Доколку е потребно, повторете неколку пати на ден.
Исто така, одлична идеја е да ставите малку тинктура во лажица мед и да ја консумирате на тој начин.
Кога да се зема тинктура од ѓумбир
За дигестивни проблеми: ѓумбирот помага при мачнини (патување или после хемотерапија), грчеви (вклучувајќи ги и менструалните), надуеност, запек и дијареа. Овој моќен корен, вклучувајќи ја и неговата тинктура, ги стимулира дигестивните ензими и може да ви помогне да го регулирате варењето.
Против штетни бактерии: алкохолната тинктура од ѓумбир, покажаа студиите, може да помогне во сузбивање на одредени видови бактерии, како што се E. coli, Helicobacter pylori, салмонела, стрептокока, стафилокок…
Против габи: ѓумбирот има антигабично дејство и помага при кандида.
За зајакнување на имунитетот: земете го овој природен лек за ублажување на настинки и кашлица, како и други респираторни заболувања. Тинктурата од ѓумбир може да послужи како одличен зајакнувач на имунитетот.
Помага при болка: познато е дека ѓумбирот има силно антиинфламаторно дејство и ја намалува болката, па затоа е одлична идеја да ја земате тинктурата во случај на артритис и ревматизам.