Најпознатиот слаткар на светот издаде книга со рецепти

Фото: Фејсбук
136

Во својата книга, познатиот француски слаткар Амари Гишон, не води низ 12 од неговите најпознати чоколадни креации и споделува повеќе од шеесет рецепти, како и различни техники за подготовка на десерти.

Видеото на познатиот слаткар Амари Гишон како прави огромна жирафа целосно од чоколадо е најгледаното видео на ТикТок со дури 23,6 милиони прегледи. Имавме шанса да го гледаме Гишон и во шоуто на Нетфликс „School of Chocolate“ („Школо за чоколадо“), а секој ден ги гледаме неговите чоколадни креации на Инстаграм и се прашуваме: како го прави тоа? Па, Гишон великодушно ги споделува своите знаења и техники во својата книга, The Art of Flavor, која исто така може да биде одличен божиќен подарок за идните слаткари и за вљубениците во слатки.

Во оваа книга, познатиот слаткар не води низ 12 од неговите најпознати чоколадни креации и споделува повеќе од шеесет рецепти, како и различни техники за подготовка на десерти. Книгата „Уметноста на вкусот“ е гурманска авантура преку која ќе ве прошета низ различни континенти. Во описот на книгата пишува: „Изгубете се на вкусно патување откривајќи ги неговите креации“. Десертите на готвачот Амари Гишон ве оставаат без зборови. Во неговата прва книга, рамо до рамо со него, откријте ги неговите идеи и уметнички пат“.
Книгата можете да ја добиете за 65 долари на официјалната веб-страница на Sweet Shop, каде што ќе најдете и други производи за готвење на Амари, како кујнски помагала и слаткарски состојки.

Амари Гишон создава неверојатно прецизна уметност од чоколадо, а со своите вкусни креации, секојдневно мами нови обожаватели. Познатиот Французин започнал да работи на 14-годишна возраст најпрво во својата татковина, а потоа и во Лас Вегас.