Нема да верувате кои сѐ намирници што ги консумирате секојдневно содржат алкохол!

Фото: Pexels
179

Дали сте свесни дека дури и ако свесно не консумирате алкохол, всушност го внесувате во вашето тело преку некои од намирниците што ги користите речиси секој ден?


Алкохолот се додава во многу намирници и пијалаци или производи кои ги консумираме без воопшто да сфатиме дека го содржат. Секако, во овие производи се наоѓа во помали количини, но сепак е присутен.

На пример, дали знаевте дека алкохолот се наоѓа во пекарските производи? Многу состојки кои се ставаат во пекарските производи содржат алкохол, на пример екстрактот од ванила е еден од најпознатите од нив. И тоа е слично со екстрактите од бадеми, како и екстрактите воопшто, бидејќи алкохолот служи за да се издвои и да се истакне вкусот.

Понатаму, алкохол има во разни сосови како и во некое месо кое одлежало во маринада. Многу сосови се прават со алкохол, или на база на вино или на некој друг жесток пијалак, и иако луѓето мислат дека тој целосно испарува при термичка обработка, алкохолот сепак се задржува во јадењето во помали количини.

Алкохолот може да се најде дури и во безалкохолното пиво. Да, на нив пишува дека имаат „0.0“, но сепак пивото има мал процент на алкохол, околу една десетина од нормалното пиво. Малку е, но за некој што има проблеми со алкохолизам, може да биде проблем.

Конечно, алкохолот се наоѓа во некои работи кои ни служат за здравјето. На пример, во водичката за плакнење на устата. Дури 20 до 27 проценти од водата за уста содржи алкохол, поради што е толку добар во убивањето на бактериите во усната шуплина. Секако, не се збогатени сите води за плакнење со алкохол, има и такви кои не го содржат и тоа е главно нагласено.
Исто така, алкохолот се наоѓа во некои лекови за настинка, но тоа е веќе добро познат факт. Меѓутоа, доколку имате проблеми со алкохолот, би требало да побарате производи кои не го содржат.