Не ги фрлајте овие работи во ѓубре, можат да бидат многу корисни во градината

Фото: Unsplash
215

Природните препарати се најдобриот избор за секого, па и за растенијата. Некои работи од кујната кои би завршиле во ѓубре може одлично да се искористат за хранење и заштита на растенијата.

Еве неколку идеи како да ги користите старите работи кои повеќе не ви служат во домаќинството, во градината или во дворот.

Хартиени кеси

Тие се фантастични за заштита на надворешните растенија од мраз. Кога ќе го ставите на растението, тој делува како еден вид изолатор, односно го одржува воздухот околу растението потопол.

За време на сончево или влажно време, отстранете ги кесите од растенијата. Користете ги само ако се сомневате дека може да има мраз. Покрај тоа, хартиените кеси може да се користат за заштита на овошјето од штетници – ставете ги на овошјето и прицврстете ги со ластиче или со штипка.

Стар кујнски прибор

Старите лажици, вилушките, ножевите и другиот кујнски прибор може да бидат корисни за одржување на градината или растенијата на балконот – за копкање, плевење, садење, пресадување …

Стари весници

Старите весници се многу корисни. Наредете ги околу растенијата во градината и спречете го плевелот да расте. Откако ќе ставите весници околу растението, прицврстете ги со фрлање малку компост, слама, кора од дрво, камчиња …

Остатоци од сапун

Мирисот на сапун ги спречува животните да ја уништат вашата градина и овоштарник. Ставете парче сапун во стара најлонка или во мрежа од компири и обесете ја во близина на местото што сакате да го заштитите.

Стари најлонки и друга облека

Старите чорапи имаат мека и фина текстура, што е одлично за врзување на растенијата бидејќи нема да ги оштетат дури и за време на растот. Можете да направите слични врвки од стара облека – исечете ги на ленти.

Конзерви

Лименките ќе ги заштитат вашите растенија од гасеници, бидејќи тоа е физичка бариера што тие не можат туку така да ја преминат. Еве како да го направите тоа – извадете го горниот и долниот дел од конзервата, притиснете го во земја и засадете што сакате, семе или расад.

Алуминиумски садови за еднократна употреба

Одлични се во градината бидејќи ако ги обесите, создаваат одреден звук на ветрот кој ги одбива птиците и другите животни. Покрај тоа, ја рефлектираат светлината на сонцето, а тоа исто така ќе ги оддалечи животните што не ги сакате во овоштарникот, градината или лозјето.

Совет е да користите неколку такви садови на една локација, за да висат на различни висини. Покрај тоа, овие садови се корисни и ако ги наполните со пиво и ги ставите во близина на растенијата кои се нападнати од полжави.