Не мора да чекате да се роди бебе или да завршат постите

495

Овие посни мекици се најдобри за викенд, кога треба да ги најадете домашните за време на пости. Сите заедно уживајте во посни мекици со мед и со цимет

Луѓето кои редовно постат за празниците, се толку изверзирани, што имаат направено посни варијанти од многу омилени јадења. Така и нашата читателка Ана Радованац од Скопје која за време на постите прави разни марифетлуци за да ги најаде домашните, а да не го прекршат постот.

Меѓу нив, омилени им се овие крцкави посни мекици кои најчесто ги јадат во комбинација со мед и со цимет.

Читателката ќе добие два готвачи во издание на „Топер“.

Состојки:

400 г брашно
250 мл млака вода
1 лажица сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Масло за пржење

Приготвување:

Квасецот го активираме со млака вода, шеќер и брашно. Откако ќе запени додаваме брашно и сол.

Се меша и се остава да нарасне. Може да се замеси и навечер, тестото да отстои преку ноќ, па утрото да се испржат мекиците.

Со влажни раце се зема од тестото кое е прилично лепливо и се пржи во загреано масло.

Се пржат од двете страни и се редат врз хартиена салфета. Може да се послужат со мед и со цимет.