Не мора секогаш кафе, пробајте некогаш и чај лате

Фото: Freepik
410

Овој топол напиток се подготвува брзо и е идеална замена за кафе. Погледнете кои состојки ви требаат и како да си направите чаи лате. Чај со млеко де…И секако, многу, многу миризливи зачини

Есента веќе влезе во нашите домови, па време е да се префрлиме од ладни лимонади на малку потопли пијалаци. Со погледот на шарените, суви лисја одлично оди мирисот на чај, цимет и печени костени. Есента е идеално време за опуштање на каучот со меко ќебенце и добар, топол пијалак како Чај Лате, чиј рецепт се крие во остатокот од текстот. Во превод, чај со млеко…. И секако, многу миризливи зачини.

Овој пијалак е популарен во целиот свет бидејќи е идеална опција за сите оние кои сакаат чај, но и пијалаци со млеко како што е на пример, капучиното.

Состојки:


2 шолји вода
2 кесички црн чај или рефус црн чај доволен за 2 шолји
2 каранфилчиња
1 лажичка цимет
1/2 лажичка ѓумбир
2-3 лажички јаворов сируп (може да користите и мед по вкус)
1 лажичка морско оревче
3/4 шолја млеко (ако сте веган, можете да користите млеко од растително потекло)

Приготвување:


Во мало тенџерче ставете вода и зачини и варете додека водата не зоврие. После тоа, исклучете и почекајте 5 минути за зачините да го ослободат својот вкус. Потоа, во таа вода додадете црн чај и повторно вклучете и почекајте смесата да зоврие. Потоа тргнете го од ринглата и извадете ги кесичките чај или процедете и оставете да се лади. Заблажете го по желба, со јаворов сируп или со мед. Во друго тенџерче ставете ги млекото и циметот и кога млекото ќе почне да врие, тргнете го од оган. Потоа земете миксер со стапче и изматете го млекото додека не стане пенесто.

На крајот, ставете од чајот во шолја до половина и дополнете со млекото што претходно сте го подготвиле. По желба на крајот додадете уште малку цимет.