Како да го направите и да го консумирате најмоќниот природен антибиотик!

Фото: Pexels
649

Најмоќниот познат антибиотик кој е целосно природен и можете сами да го подготвите дома без посета на лекар е всушност комбинација која мора да ја имате бидејќи сезоната на грип и настинки веќе ни тропа на врата.

Безброј пати сме пишувале за куркумата која е главната состојка на овој природен антибиотик. Од него можете да направите лековито млеко за зајакнување на имунитетот или едноставно да го користите во готвењето. Ако го измешате со благотворниот мед, ќе добиете еден од најсилните природни антибиотици. Одлично, нели?

Овој природен антибиотик има многу силно антиинфламаторно дејство кое не само што ги убива бактериите, причинители на болеста, туку и го зајакнува имунитетот. За разлика од синтетичките антибиотици кои можете да ги купите во аптеките, овој лек не предизвикува никакви несакани ефекти за вашето варење и цревната микрофлора и е целосно безбеден за употреба.

Куркумата содржи куркумин, полифенол, активна состојка која има над 150 терапевтски својства, меѓу кои се и антивоспалителното, антиканцерогеното и антиоксидантното.

Со консумирање мед и куркума значително го подобрувате варењето и го зголемувате бројот на добри бактерии во цревата, а сето тоа е потврдено од науката. Овој лек се користи во Ајурведата повеќе од пет илјади години. И затоа, следниот пат кога ќе се разболите, не купувајте лек во аптека, туку направете си антибиотик.

Потребни состојки:

100 гр сиров мед
1 лажица куркума во прав
Измешајте ги двете состојки за целосно да се соединат и истурете ги во чиста стаклена тегла.

Како да се користи овој лек?

Веднаш штом ќе ги забележите првите симптоми на настинка или грип, земете го лекот на следниов начин:

Првиот ден – земајте по половина лажичка од лекот на секој час.
Втор ден – земајте по половина лажичка на секои два часа.
Трет ден – земајте половина лажичка три пати на ден.
Пожелно е лекот да не се голтне веднаш, туку да се остави во устата додека не се стопи. Многумина велат дека по три дена од земањето на овој лек, сите симптоми исчезнуваат, а можете да го додадете и во топло млеко или во чај.